сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Останати спортови

Снимката на Бијонсе и Џеј-Зи од Супер Боул ги разбесни Американците : А доларите ги сакаат ! (ВИДЕО)

Снимката на Бијонсе и Џеј-Зи од Супер Боул ги разбесни Американците : А доларите ги сакаат ! (ВИДЕО)

Музичките sвезди и сопружници Бијонсе и Џеј Зи решија да останат седнети за време на химната што ја испеа Деми Ловато на Супер Боулот, предизвикувајќи поделени реакции на социјалните медиуми.

Двојката дојде на натпревар со нивната ќерка Блу Ајви, а ТМЗ ги снимаше како седат за време на интонирањето на химната. Не е јасно зошто парот останал да седи додека сите околу нив стоеле, особено ако се земе предвид дека Џеј Зи неодамна потпишал профитабилно партнерство со НФЛ.

Реакциите за ова беа различни. Додека некои беа лути, други пишуваа дека никој не се грижи, многумина застанаа во одбрана на парот. „И сите дома седеа“, коментирал еден.

Некои отидоа дотаму што велат дека парот мора да се исели од државата.

Патем, настапот на Деми Ловато доби многу пофалби на социјалните мрежи, а нејзиниот твит од 2010-та година во кој се најавуваше дека еден ден ќе настапи на Суперболот,стана хит на Твитер.

 

Коронавирус