недела, 17. февруари 2019. Вести денес: 8
home Останати спортови

Словенецот Примож Роглич победи на 19-та етапа на „Тур де Франс“

Словенецот Примож Роглич победи на 19-та етапа на „Тур де Франс“

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич од тимот Лото НЛ-Џамбо победи на 19-та етапа од трката „Тур де Франс“, која се возеше од Лурд до Ларанс со должина од 200 километри.

Втор етапата ја заврши водечкиот во генералниот пласман Британецот, Герајнт Томас од тимот Скај, а на третата позиција заврши францускиот велосипедист Ромен Барде од тимот АГ2Р-Ла Мондијал.

Бранителот на титулата британскиот велосипедист Кристофер Фрум од Скај етапата ја заврши на осмото место.

Во генералниот пласман на првата позиција е Герајнт Томас од Скај, втор е холандскиот велосипедист Том Димулан од тимот Сунвеб, а Фрум е третопласиран.

Следната етапа во должина од 31 километар се вози утре, а трката завршува во недела.