понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 57
home Останати спортови

Словенечката сензација Зиданшек се пласираше во полуфиналето на Роланд Гарос

Словенечката сензација Зиданшек се пласираше во полуфиналето на Роланд Гарос

Словенката Тамара Зиданшек е најголемата сензација на годинашниот Ролан Гарос откако се пласираше во полуфиналето со победата над Паула Бадоса со 7;5, 4:6, 8:6.

Тоа е најголемиот успех во кариерата на 23-годишната Зиданшек, која се наоѓа на 85. место на ВТА листата и досега немаше поминато второ коло на ниеден гренд слем турнир.

Зиданшек е втората Словенка која ќе игра гренд слем полуфинале, што претходно ѝ успеа единствено на Мима Јаушовец, која под знамето на Југославија и го освои Ролан Гарос во 1977 година.

„Ова изгледа лудо, дури и за мене. Ќе се обидам да се фокусирам на следниот меч“, изјави Зиданшек.

ЕУРО 2020

Македонија