вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 105
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Славната тенисерка побара работа во супермаркет, поради коронавирусот остана без пари

Славната тенисерка побара работа во супермаркет, поради коронавирусот остана без пари

Интересна приказна објавија медиумите во Англија, во која спортистка најавува дека побарала втора работа додека трае тениската пауза.

Наоми Броуди во својата изјава призна дека размислувала да се вработи во супермаркет, со цел да заработи и дополнително да помогне.

„Тенисот е индивидуален спорт и мораме да заработиме пари. Ако не можеме да играме, нема ниту да заработиме. Тоа е многу едноставна математика. Разгледував огласи за работа во супермаркет, особено на почетокот од кризата кога бараа работници. Играчите од низок ранг не заработуваат многу, немаат заштедени пари и водат кампања од која би добиле помош“, изјави Броуди.

Британката инаку се наоѓа на 499 позиција од ВТА ранг листата, па паузата и прекинот на тениските мечеви до јуни би предизвикала проблеми за неа.

Коронавирус