сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Останати спортови

Славната фудбалерка пронајдена мртва, трагичен крај на драмата

Славната фудбалерка пронајдена мртва, трагичен крај на драмата

Швајцарската фудбалска репрезентативка и капитенка на клубот Јанг бојс е пронајдена мртва во езерото Комо во Италија.

Италијанската полиција три дена со сите расположливи сили, хеликоптер, нуркачи и подводен робот, трагаше по телото на Флоријана Исмаили, која доживеа трагична несреќа за време на годишниот одмор.

Нејзиното тело е најдено на длабочина од 204 метри, малку подалеку од местото од каде таа скокнала од бродот, кој заедно со пријателите го изнајмиле за да одмораат.

Исмаили од 2011 година го носи дресот на Јанг Бојс, додека во 2014 година дебитираше за националниот тим.