Останати спортови Женева

Слатка одмазда: Ѓоковиќ со победа го прослави роденденот

Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале.

Слатка одмазда: Ѓоковиќ со победа го прослави роденденот

Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден. На турнирот во Женава, АТП 250, Ѓоковиќ го победи младиот Италијанец со 6:4, 6:4.

Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале.

Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Мадрид, откако одигра спектакуларен тенис во втората половина од вториот сет.

To top