недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Останати спортови

Синот на Шумахер си ја отвори душата: Ги откри најважните совети, но и зошто користел туѓи имиња

Синот на Шумахер си ја отвори душата: Ги откри најважните совети, но и зошто користел туѓи имиња

Мик Шумахер, наследникот на големиот шампион во Формула 1, ја објасни ситуацијата во славното семејство.

Наследникот на славниот Михаел Шумахер, за чија состојба скоро ништо не се знае од тешката несреќа што ја доживеа додека скијаше на крајот на 2013 година, напиша отворено писмо за неговиот славен татко.

-Тој отсекогаш бил мојот татко на прво место. Лекциите и советите што ги добив не ги земам здраво за готово. Еднао од нив е никогаш да не бидам премногу еуфоричен ниту премногу депресивен – напиша Мик, кој заедно со својата сестра Џина Марија и мајката Корина, секогаш биле центар на светот за Михаел Шумахер.

-Многу рано сфатив дека сакам да бидам возач во Формула 1, да бидам шампион. Скокнав во картинг кога имав три години, се натпреварував на национално ниво на осумгодишна возраст. На возраст од 11 или 12 години, знаев дека сакам да се бавам професионално со тркање – пишува Мик, кој не си дозволи да се вознемири од товарот на славното презиме.

-Користев различни имиња, бев инкогнито за да докажам дека не сум „син на тато“. Јас разбирам сè, татко ми е петкратен последователен шампион во Формула 1 во годините по моето раѓање. Тоа е прилично неверојатно, зар не? Но, јас никогаш не го гледав татко ми како најголем возач на светот, вели тој.

Парламентарни избори 2020