недела, 18. август 2019. Вести денес: 52
home Останати спортови

„Си-ен-ен“ за триумфот на Ѓоковиќ: Никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал

„Си-ен-ен“ за триумфот на Ѓоковиќ: Никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал

Големиот Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата го крена трофејот наменет за победникот на Вимблдон. Во историското финале, најдолго некогаш, после голеата драма во пет сета го совлада сјајниот Роџер Федерер и така фрли во очај 14 илјади навивачи на Централниот терен.

Си-Ен-Ен во својот опширен извештај констатираше дека Федерер морал на крајот да му честита на подобриот од себе.

„Новак Ѓоковиќ главно помина незабележано во поголемиот дел од Вимблдон поради останатите работи. Меѓутоа, Србинот привлече внимание сега, откако го победи Федерер. Спаси две меч топки и го победи засекогаш популарниот Швајцарец во најдолгото финале во историјата на Вимблдон. И како ја прослави петтата вимблдонска титула? Како и обично, со јадење трева“, се наведува во извештајот.

Си-Ен-Ен истакнува дека Федерер пропуштил сјајна можност да го совлада Ѓоковиќ на овој меч.

„Ѓоковиќ пред завршницата спаси две меч топки, и тоа на сервисот на Федерер при водството од 8:7 во петтиот сет. Федерер би можело да се лути на себе не само поради тоа, туку и поради фактот дека и претходно можел да го докрајчи Новак. навистина можел да го победи Ѓоковиќ во три сета, бидејќи во првиот водеше 5:3, а имаше и сет топка во третиот, пред да дојде до тај-брејк. Во некои делови од финалето Ѓоковиќ и не личеше на себе, иако тоа треба да се препипше на офанзивниот настап на Федерер. И сега, Ноќе, како најдобар на светот дојде до само 4 такви трофеи помалку од Федерер, и тоа првпат во кариерата“.

Новак сега има 16 Грем слем титули, а новинарот на овој угледен медиуми смета дека до крајот на годината може да стигне и до бројот 17.

„Следната година може да видиме промена, особено ако Ѓоковиќ достигне број 17 на ОН Опен во септември каде ќе биде фаворит. А и времето е на негова страна. Како 32-годишник, пет години помлад од Федерер, а една од Надал, Ѓоковиќ не играл против ривалот од Топ20 на овој Вимблдон, се до мечот со Федерер, поради кој направи чекор напред во квалитетот и му оневозможи на човекот кој наскоро ќе наполни 38 години да дојде до нов рекорд од осум вимблдонски круни3.

Си-Ен-Ен истакнува дека и покрај сите резултати кои Новак ги има нема да биде популарен како неговиот најголем ривал.

„Можеби никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал. Ѓоковиќ го иритира тоа што не добива толку љубов од навивачите за време на мечот, а Федерер и Надал редовно добиваат кога е важно“, стои во извештајот.