вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Останати спортови

Шумахер остана жив благодарение на неговата сопруга, но живее со последиците

Шумахер остана жив благодарение на неговата сопруга, но живее со последиците

Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер и понатаму се опоравува од тешката несреќа и повредите со кои се здоби на скијањето на француските Алпи, а за неговата состојба и денес не се знае многу.

Еден од ретките кои можат да го видат Шумахер е неговиот поранешен шеф од Ферари, Жан Тод.

„Поминав многу време со неговата сопруга Корина откако Михаел имаше незгода. Таа е одлична жена која го води семејството. Не го очекуваше тоа. Се дојде брзо и немаше друг избор. Многу добро се справува, имам доверба во неа, а и таа во мене“.

Каква е здравствената состојба на Шумахер?

„Благодарение на докторите и соработката со Корина која правеше се, Шумахер остана жив. Сепак, останаа последици. Во овие моменти се бори со тие последици, се надевам дека работите наскоро ќе тргнат на подобро“

Докторите веруваат дека Шумахер е во вегатативна состојба, тоа пред неколку месеци го соопшти неврологот Ерик Риедер.

„Сметам дека е во вегатативна состојба. Тоа значи дека е буден, но не одговара. Дише и срцето му чука, веројатно може да седи и да со помош да направи чекор. Повеќе од тоа не. Тоа е максимумот. Не верувам дека ќе го видиме онаков каков што беше пред несреќата“, изјави тој.

Коронавирус