четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Останати спортови

Шумахер оди на нова операција, лекарите несигурни што следува

Шумахер оди на нова операција, лекарите несигурни што следува

Германската легенда Михаел Шумахер ќе оди на нова операција објавија италијански медиуми, откако еден од светски најпризнатите лекари, Филип Менаш им ја потврдил информацијата.

Шумахер кој настрада на скијање пред седум години, вегетира и малкумина ја знаат точната негова состојба, но од информациите на Менаш очигледно е дека станува збор за тешка состојба во која ни самите лекари не знаат дали воопшто ќе успеат нешто да подобрат кај „летечкиот Шуми“.

Сега е предвидено да го лекуваат со матични ќелии, ама и за тоа имаат стравувања.

Целта е да се регенерира комплетниот нервен систем на Михаел, открил Менаш, кој ќе го предводи лекарскиот тим што треба повторно да го оперира Германецот.

Според информациите, откако ја доживеа несреќата, Шумахер буквално вегетира, мускулите му се атрофирани, има остеопороза, а значаен дел од виталните органи му се сериозно ослабени и затоа единствено решение сега е само третман со матични клетки.

-Во последните 20 години науката направи сериозен напредок во процесот со лекување со матични ќелии, но тоа не го менува фактот дека и понатаму малку знаеме за човечкиот мозок. Затоа и не може да кажеме каков ефект и какви резултати би донело сето ова, додава Менаш.

Коронавирус