четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Останати спортови

Шпанија е светски шампион во ватерполо

Шпанија е светски шампион во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е нов светски првак. „Фуријата“ и се реваншира на Италија и со 15-14, по изведување на петерци го освои трофејот на Светското првенство.

Дуелот тргна изедначено, иако Шпанците поведоа со 2-0, ривалот успеа да се врати и израмни на 3-3. До полувремето „фуријата“ одново заигра подобро, го доби вториот период со 3-0 и направи одлична предност. Сепак, Италија не запре и тргна да ја топи разликата.

Шпанската игра не беше на нивото, а „аѕурите“ го искористија тоа и се вратија во натпреварот. Еден од клучните моменти се случи во финишот на третата четвртина, кога шпанскиот селектор Давид Мартин неправилно повика тајм-аут, па наместо +2, во последната четвртина Шпанците имаа само гол предност. Италијанците се вратија во дуелот, имаа егал во завршната минута, па противникот не реализира напад со човек повеќе за трофејот.

И пенал-рулетот беше изедначен како и целиот натпревар, Шпанците не материјализираа рана предност, но потоа голманот Унаи Агире одбрани за светската титула.

Коронавирус