четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 9
home Останати спортови

Шокантни сцени на релито „Дакар“: Се запали возилото на Роман Думас! (ФОТО)

Шокантни сцени на релито „Дакар“: Се запали возилото на Роман Думас! (ФОТО)

Прва трка на Фернандо Алонсо, скршените тркала на Тен Бринке, неверувањето на Сајнц откако беше заглавен во песокот, како и загрижувачки пожар од автомобилот на Роман Думас го означи почетокот на релито „Дакар“ во Саудиска Арабија.

Многу чудни ситуации ја одбележаа првата етапа, но ниту една од нив не беше толку загрижувачка и сурова како онаа со пожарот на возилото на Думас.

Францускиот возач стоеше беспомошен и гледаше како целосно гори неговото возило, па неговото појавување на третото издание на Дакар траеше само 65 километри. Фотографиите од пожарот зборуваат сами за себе – густиот црн чад што можеше да се види со километри го сруши сонот на Думас уште пред да започне.

Сепак, најважно од сè е тоа што Думас и неговиот совозач Александре Виноц поминаа без повреди.

Коронавирус