вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 81
home Останати спортови

Шок во Мелбурн: Играл заразен, па се обложил со судијата дека има корона и – добил!

Шок во Мелбурн: Играл заразен, па се обложил со судијата дека има корона и – добил!

Новак Ѓоковиќ во претходните денови е главна тема во светските медиуми поради тоа што се споменува депортација од Австралија, но друг тенисер успеа да привлече поголемо внимание, а тоа е контроверзниот Бернард Томиќ.

Томиќ објави дека е позитивен на ковид-19, и тоа само неколку дена откако на теренот му кажуваше на судијата дека ќе го чести со вечера ако има позитивен тест на вирусот.

Контроверзниот тенисер во квалификациите за главната ждрепка на Австралијан опен имаше свое шоу и загуби затоа што не се чувствуваше добро.

„Во следните два дена ќе добијам позитивен тест на ковид-19. Ќе добиеш вечера ако бидам позитивен во следните три дена, а во спротивно ти ќе ми купиш“, му кажа Томиќ на судијата.

Томиќ тогаш зборуваше и за проблемот во организацијата на турнирот.

„Не можам да верувам дека никого не тестираат. Им дозволуваат на тенисерите да дојдат на терен, откако ќе направат брзи тестови во соба. Нема официјален ПЦР-тест“, вели тенисерот.

Коронавирус