среда, 30. септември 2020. Вести денес: 109
home Останати спортови

Шифрин продолжи со својата доминација

Шифрин продолжи со својата доминација

Микаела Шифрин победи во велеслалом кај жените во францускиот зимски центар Куршевел. Американката, која се врати по повредата на грбот, триумфираше по вториот спуст на трката и покрај лошите услови, откако имаше идентично време од 1:02.26 со Австријката Стефани Брунер по првиот.

Ова беше прв успех во дисциплината за 23-годишната натпреварувачка по златниот нејзин медал на Олимпијадата во Пјонгчанг во февруари и вкупно 49-ти за Светскиот куп, каде рекордер е Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86.

На второ место остана олимписката шампионка од 2010, Викторија Ребензбург од Германија, додека светската шампионка во велеслалом Теса Ворли од Франција се искачи трета на почесниот подиум.

Со успехот Шифрин се доближи до лидерката во генералниот пласман во велеслалом, Федерика Брињоне, откако веќе заостанува само 20 поени. Теса Ворли е трета на 25 поени од Италијанката.

Во генералниот пласман за Светскиот куп, Американката има огромна предност пред втората Ранхилд Мовинкел – 422 поени разлика меѓу двете. Трета е Австријката Никол Шмидхофер.

Утре претстојат слалом трки кај мажите и жените, а жените се повторно во Куршевел, додека мажите ќе возат во италијанскиот зимски центар Мадона ди Кампиљо.

Пласман велеслалом во Куршевел, жени:

  1. Mикаела Шифрин (САД) 1:49.81 минути (1:02.26 + 47.55)
    2. Викторија Ребензбург (Германија) 1:49.95 (1:02.18 + 47.77)
    3. Teса Ворли (Франција) 1:50.14 (1:02.29 + 47.85)
    4. Федерика Брињоне (Италија) 1:50.26 (1:02.45 + 47.81)
    5. Рагнхилд Moвинкел (Норвешка) 1:50.31 (1:02.42 + 47.89)
    6. Стефани Брунер (Австрија) 1:50.59 (1:02.26 + 48.33).

Коронавирус