Останати спортови тенис

Шелтон трет полуфиналист на Австралија Опен

Мечот траеше 3 часа и 52 минути.

Шелтон трет полуфиналист на Австралија Опен

Американскиот тенисер Бен Шелтон претпладнево го победи Италијанецот Лоренцо Сонего во четвртфиналето на Австралија опен со резултат 6:4, 7:5, 4:6 и 7:6 (7:4).

Мечот траеше 3 часа и 52 минути.

Дваесет и двегодишниот Американец имаше девет ас сервиси, четири двојни грешки и три конвертирани брејк топки од вкупно 11.

Шелтон во полуфиналето ќе се соочи со победникот од денешниот меч Јаник Синер (Италија) – Алекс Де Минаур (Австралија).

Во првото полуфинале на Грен слемот во Мелбурн ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

To top