петок, 24. септември 2021. Вести денес: 129
home Останати спортови

Шефот на Ред Бул: Хамилтон вака се однесува бидејќи конечно доби конкуренција

Шефот на Ред Бул: Хамилтон вака се однесува бидејќи конечно доби конкуренција

Кристијан Хорнер, Шефот на Ред Бул, во редовната колумна на страниците на Ред Бул откри дека неговата екипа можеби ќе се жали на казната која Луис Хамилтон ја доби поради излетувањето на Макс Ферстапен на ГН на Велика Британија.

За потсетување Холанѓанецот заврши во оградата откако неговото тркало го добре болидот на Хамилтон. Ферстапен се откажа, а Хамилтон со поеда ја намали разликата во генералниот пласман на само осум бода. Младиот Холанѓанец излета од патеката при брзина од 270 километри на час и со сила од 51 Г заврши во заштитните гуми. Во болница беше неколку часа, но помина без посериозни повреди.

„Не е тајна ако кажам дека сите ние во Ред Бул сметаме дека Британецот е преблаго казнет поради она што го направи. Ја прегледуваме сета документација и размислуваме за жалба на таа казна. Разочаран сум од однесувањето на Луис и нивото на неговото славје и победата со оглед на она што се случи на трката. Мерцедес многу добро знаеше дека Макс доживеа тешка несреќа и дека е во болница, но никој не го предупреди Хамилтон дека би требало малку да се воздржи во прославата. Незамисливо ми е дека тоа го направија“, напиша Хорнер и додаде дкеа потезот на Хамилтон предизвикал 1,8 милиони долари штета на болидот на Ферстапен.

„Вистината е дека Хамилтон конечно доби вистинска конкуренција, затоа толку славеше. Возачите мораат да покажуваат почит еден кон друг. Хамилтон за Макс зборува како за некој претерано агресивен возач, а тој не доби ниту една казна во последните неколку години. Хамилтон веројатно мислеше на 17-годишниот Ферстапен кон нема врска со денешниот Ферстапен. Ни Хамилтон денес не е истиот возач како што беше кога влезе во Формула 1. Најважно е што Макс е добро и нема никакви последици“, додаде Хорнер.

Коронавирус