петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 96
home Останати спортови

Шефот на Мерцедес: Ферари има супериорен мотор

Шефот на Мерцедес: Ферари има супериорен мотор

Шефот на Мерцедес, Тото Волф смета дека главната задача на тимот е да ја надомести супериорноста на Ферари од аспект на моќноста на моторот.

Според него, во оваа компонента е тешко да се натпреварува со италијанскиот тим.

-Треба да најдеме начин како да ја зголемиме продуктивноста. Неопходно е да се зголеми моќноста на моторот, да се прилагоди аеродинамиката и перформансите на гумите. Ова е комплексно прашање. Ферари ги уништува сите со својата брзина на права линија. Тешко е да се израмни. Ние треба да се справиме со ситуацијата. Морам да признаам дека имаме некаков јаз во работата на моторот, што е тешко да се најде и отстрани. Но, ние мора да ја подобриме шасијата и да ги избереме вистинските стратегии за трки, изјави Волф.

На шест трки до крајот на сезоната, Мерцедес е лидер кај конструкторите со 571 бод, пред Ферари со 409 бода.