четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 80
home Останати спортови

Шампионски потег на Ноле: На своја штета промени судиска одлука! (ВИДЕО)

Шампионски потег на Ноле: На своја штета промени судиска одлука! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ полесно од очекуваното запиша нова победа на вториот овосезонски Грен слем, Ролан Гарос. Со убедливи 3-0 беше совладан Александар Зверев од Германија, а покрај доминантната игра, еден потег на Ноле во првиот сет го одбележа овој меч.

Германскиот ас испрати проектил од сервис, кој линискиот судија го виде како аут. Набргу и главниот судија слезе од столчето и потврди дека топката не заврши во дозволеното поле, но на сцена стапи Ноле, кој по неколку прегледи од повеќе агли, ја избриша трагата и ја поништи одлуката на судиите.

 

За овој потег Ѓоковиќ доби овации и аплаузи од публиката, како и големо благодарам од својот ривал.