сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 59
home Останати спортови

Северна Кореја најави учество на Игрите во Јужна Кореја

Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, ги поздравува намерите на Северна Кореја да испрати делегација со спортисти.
Северна Кореја најави учество на Игрите во Јужна Кореја

– Ако Северна Кореја донеси формална одлука за учество, тоа ќе биде во насока на вистински олимписки дух, велат организаторите.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, во новогодишното обраќање до нацијата кажа дека земјата е подготвена да го испрати својот тим во Република Кореја.

– Ние сме подготвени да ги преземеме сите неопходни чекори за учество на Олимпијадата, вклучувајќи го и испраќањето тим и сме подготвени на преговори со домаќинот, изјави Ким.

Народна демократска република Кореја го пропушти крајниот рок за поднесување понуда за ЗОИ 2018, но технички има време да го стори тоа до средината на јануари. Преговорите ќе се фокусираат на безбедноста на севернокорејските спортисти.