вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Останати спортови

Сериозни обвинувања кон сопругата на Шумахер: „Не дава никој да го види, се плаши дека ќе биде откриена вистината“!

Сериозни обвинувања кон сопругата на Шумахер: „Не дава никој да го види, се плаши дека ќе биде откриена вистината“!

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер ги изненади сите кога кажа дека сопругата на легендарниот возач од Формула 1 ја крие вистината речиси шест години.

Седумкратниот светски шампион доживеал страшна повреда на мозокот во 2013 година при падз време на скијање.

Вебер тврди дека Корина се обидува да ги спречи пријателите да го видат Шумахер, зашто се плаши дека вистината ќе биде откриена.

-Знам дека Шумахер е лошо, но за жал не знам каков напредок е постигнат. За жал, Корина ме спречи да го видам. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Целосно верувам во рехабилитацијата на Шумахер, зашто знам дека е борец. Ако постои можност да се спаси, ова можеби не е крај. Се молам за него и убеден сум дека повторно ќе го видам, порача Вебер.

Шумахер три месеци помина во кома, а очигледно неговата состојба е стабилизирана, а во јануари годинава со хеликоптер за 50 роденден долета во нивниот дом на Мајорка. (МИА)