сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серена: Земав 50 маски, ќе играм на сите турнири

Серена: Земав 50 маски, ќе играм на сите турнири

Големата шампионка на „белите спортови“, Серена Вилијамс, го најави своето учество на сите турнири во САД, како и во Европа.

Среде пандемијата на коронавирус, многу тенисери го откажуваат учеството на турнири, но тоа не е случај со Серена Вилијамс.

Напротив, таа не крие дека е загрижена за новиот вирус Ковид-19, само што тоа не влијае на нејзината одлука да биде актер на сите турнири.

Таа планира и сака да се натпреварува прво во Њујорк на УС Опен, а подоцна и на земја, пред се на Ролан Гарос.

-Ќе играм на секој турнир што се одржува, но сè уште немам конкретен план. Целиот свет се соочува со пандемија на коронавирус. Спортот е една од ретките работи што може да ги развесели луѓето. Јас немам полн капацитет на белите дробови, па не знам што би се случило ако се заразам. Мислам дека сè би било како што треба, иако подобро е да не преземам ризик. Бев внимателна, патував со 50 маски, истакнува Серена Вилијамс.

Почетокот на УС Опен е закажан за 31 август. (МИА)

Коронавирус