петок, 7. мај 2021. Вести денес: 169
home Останати спортови

Серена Вилијамс нема да настапи на ВТА турнирот во Мадрид

Серена Вилијамс нема да настапи на ВТА турнирот во Мадрид

Американската тенисерка Серена Вилијамс, откако ја одби поканата за турнирот во Мајами, Монте Карло и Барселона, денеска потврди дека нема да игра на Мастерс турнирот во Мадрид.

Вилијамс нема настап од Грен слемот на „Австралија опен 2020“ и се очекува да се врати на терените кон средината на месец мај.

„Серена се подготвува за своето деби на песочен терен. Верувам дека таа ќе се врати да игра на турнирот во Рим, а потоа и „Ролан Гарос“. Нејзината цел е триумф на грен слемот во Париз“, рече нејзиниот тренер, Патрик Муратоглу.

 

Коронавирус