понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серена Вилијамс ќе биде подготвена за „Вимблдон“

Серена Вилијамс ќе биде подготвена за „Вимблдон“

Добитничката на рекордни за „Опен ерата“ 23 Гренд слем титули, Серена Вилијамс речиси сигурно ќе биде подготвена за „Вимблдон“, објави нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.

Триесет и шест-годишната Американка не излезе на теренот за натпреварот против Марија Шарапова во четртфиналето на „Ролан Гарос“ поради болка во мускул на раката.

„Станува збор за повреда на мускулот и ако таа продолжеше со учеството во Париз, веројатно ќе се случеше кинење. За 15 дена таа треба да се опорави и да биде подготвена да игра повторно, објасни Муратоглу.

Американката, моментално рангирана под број 451, е седумкратен шампион на „Вимблдон“.

Серена Вилијамс ќе замине во САД, по што ќе се врати во Европа, за да тренира во академијата на Муратоглу во јужна Франција. Таа ќе пристигне во Лондон недела пред почетокот на „Вимблдон“ на 2-ри јули. вз