четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 8
home Останати спортови

Серена Вилијамс и Симона Халеп елиминирани во Рим

Серена Вилијамс и Симона Халеп елиминирани во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс доживеа елиминација на турнирот во Рим, откако загуби по два часа игра во дуелот со Надја Подорска  по сетови (7-6/6, 7-6).

Славната Американка двапати се враќаше во игра во првиот сет. На крај тај-брејкот го одлучуваше освојувачот на сетот.

Идентично неизвесен беше и вториот сет. Подорска покажа поголеми квалитети во завршницата, кога стави точка на големата победа.

Надвор од конкуренција остана и Симона Халеп. Романката поради повреда го предаде мечот со Анџелик Кербер.

 

ЕУРО 2020

Македонија