среда, 19. септември 2018. Вести денес: 169
home Останати спортови

Серена преку Плишкова до полуфиналето на УС Опен

Серена преку Плишкова до полуфиналето на УС Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс избори полуфинале на Грен слемот во Њујорк, откако ноќеска ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-0.

Вилијамс првиот сет го доби со 6:4, а вториот со 6:3.

За 37-годишната Американка ова е 36. Грен слем полуфинале.

Следна пречка на патот до седмата титула на УС Опен, на Вилијамс ќе и биде Анастасија Севастова од Летонија.

(Миа)