недела, 19. септември 2021. Вести денес: 27
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Останати спортови

Сензација во Токио – Хрватката Векиќ ја елиминираше Сабалјенка, пораз и на Квитова

Сензација во Токио – Хрватката Векиќ ја елиминираше Сабалјенка, пораз и на Квитова

Хрватската тенисерка Дона Векиќ ја приреди најголемата сензација на тенискиот турнир на денешниот натпреварувачки ден откако во 2. коло славеше над третата носителка, Белорусинката Арина Сабалјенка со 2-1 по сетови 6-4, 3-6 и 7-6.

Првиот сет и припадна на Хрватката, по што возврати Белорусинката, а во клучниот трет сет во тај-брејкот Векиќ беше посконцентрирана за голема победа по долгата пауза која ја имаше поради повреда.

Во осминафиналето Векиќ ќе игра Казахстанката Елена Рибакина.

Изненадувачка елиминација доживеа и чешката тенисерка Петра Квитова која беше елиминирана од Белјгијката Ван Ујтванк со 2-1 (7-5, 3-6 и 0-6).

Коронавирус