сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Сензација во Париз: Хачанов преку Ѓоковиќ до прв Мастерс трофеј во кариерата

Сензација во Париз: Хачанов преку Ѓоковиќ до прв Мастерс трофеј во кариерата

Рускиот тенисер Карен Хачанов е сензационален победник на турнирот од Мастерс 1000 серијата што се играше во Париз. Русинот во денешното финале беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со 2-0, по сетови 7:5 и 6:4.

Во меч кој траеше нешто помалку од 100 минути, видлив беше заморот кај фаворитот Ѓоковиќ кој вчера одигра исцрпувачко тричасовно полуфинале со Роџер Федерер.

Младиот 22-годишен Русин покажа дека има голем потенцијал да напредува на АТП листата.

Тој стигна до својот четврти трофеј на АТП турнирите во исто толку финални мечеви.

Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра.

И покрај поразот, прв во своето петто финале во Париз, Ѓоковиќ од утре ќе биде прв светски рекет, додека Хачанов ќе се искачи на 11 позиција на светската ранг листа. (МИА)