понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Сензација на Автралија опен: Тим го исфрли Рафаел Надал во четвртфиналето

Сензација на Автралија опен: Тим го исфрли Рафаел Надал во четвртфиналето

Австрискиот тенисер Доминик Тим приреди големо изненадување на првиот грен слем сезонава, Австралија Опен, откако во четвртфиналето го совлада Шпанецот Рафаел Надал со 3-1 во сетови.

Шпанецот не беше на посакуваното ниво, а тоа најдобро може да се види во статистичките категории. Тим беше подобар речиси во сите од нив, имаше повеќе асови, помалку двојни грешки, повеќе винери…

Првиот сет го доби Тим со 7-6, а идентично беше и во вториот. Сепак, Шпанецот се пробуди во третиот сет кој го доби со 6-4, а во четвртиот при тај-брејк и двајцата тенисери пропуштија неколку шанси, но на крајот се радуваше Тим, кој го трасираше патото во полуфиналето.

Во полуфиналето Тим ќе ги одмери силите против Александар Зверев, кој претходно беше подобар од Станислас Вавринка со 1-6, 6-3, 6-4, 6-2.