недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Се пласираше на главната ждрепка на Вимблдон и влезе во историјата

Се пласираше на главната ждрепка на Вимблдон и влезе во историјата

Жанг Жижен се пласираше на главната ждрепка на сингл натпреварот на Вимблдон и со тоа влезе во историјата. Жижен стана првиот Кинески тенисер на Опен ерата што играл на Вимблдон.

Во моментов, 178. тенисер во светот е единствениот Кинески играч кој е меѓу 250-те најдобри тенисери. Преку квалификациите стигна до главната ждрепка на Вимблдон, а во последното коло беше подобар од Франциско Серундоло во четири сета.

Исто така, Жижен стана само четвртиот Кинески тенисер во опен ерата што играл на главната ждрепка на еден грен слем турнир. Претходните три, Ву Ди (2013, 2014, 2016), Жанг Зе ( 2014, 2015) и Ли Зе ( 2019) играа на Австралија опен, но секој пат тие испаднале во 1. коло.

Противник на Зизен ќе биде 25-годишниот Французин Антоан Хоанг, моментално 156. играч на АТП-листата.

Коронавирус