вторник, 13. април 2021. Вести денес: 160
home Останати спортови

Само Хамилтон може да биде број 1

Само Хамилтон може да биде број 1

За разлика од претходните времиња, возачите на Формула 1 имаат можност да го изберат бројот на болидот. Во минатото, најчесто се користел бројот 8, односно на 990 трки, а најголем број бил 208, што го користела Лела Ломбарди за време на Големата награда на Велика Британија во 1974 година.

Бројот 1 на болидот има право да го користи само актуелниот светски шампион, но тоа не беше случај во последно време затоа што Луис Хамилтон настапува со број 44.

Го користев тој број додека возев картинг кога имав осум години. Тој број беше дел од регистрацијата на возилото на татко ми. Затоа, го носам секоја година за да се соочам со предизвикот повторно да победам, објасни Хамилтон.
Исто така е невозможно да се земе бројот 17 затоа што ФИА го повлече тој број од употреба по смртта на Жил Бјанки.

Коронавирус