вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Останати спортови

„Сакав да го тепам Ѓоковиќ во соблекувална, тој може да ви го направи мизерен животот“

„Сакав да го тепам Ѓоковиќ во соблекувална, тој може да ви го направи мизерен животот“

Пензионираниот тенисер Енди Родик за медиумите откридека му било тешко да игра против Новак Ѓоковиќ со кој еднаш за малку физички ќе се пресметал во соблекувалната.

Пред 12 години Родик и Ѓоковиќ се пресметаа во четвртфиналето на Ју-Ес Опен, а Србинот славеше со 3-1. Пред мечот Американецот го напаѓаше српскиот тенисер дека е измамник, по што побарал и пресметка во соблекувалната на Ѓоковиќ, но сега нивниот однос е многу подобар за разлика од тогаш.

„Еднаш толку многу се изнервирав што влегов во соблекувалната на ривалот. Тоа беше на Ју-Ес Опен, ме налути со изјавите, а потоа ме победи на теренот. Ме победи баш така како што сакаше. Кога влезе во соблекувалната, тргнав да зборувам со него. Неговиот тогашен тренер дотрча да го заштити. Кога видов колку е голем тој човек, се повлеков. Да не го направев тоа, ќе ме прегазеше…“, открива Родик.

Локални избори 2021