среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Останати спортови

САД најуспешни на атлетскиот Мундијал во Доха

САД најуспешни на атлетскиот Мундијал во Доха

Атлетичарите на Соединетите Американски Држави се најуспешни на Светското првенство што изминатите десет дена се одржуваше во главниот град на Катар, Доха.

САД Мундијалот го заврши со 29 освоени медали од кои 14 златни, 11 сребрени и четири бронзени.

На второто место е Кенија со 11 медали (пет златни, два сребрени и четири бронзнеи).

Трета е Јамајка со три златни, пет сребрени и четири бронзени.