сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Останати спортови

Русинот Хачанов – прв финалист на тенискиот олимписки турнир!

Русинот Хачанов – прв финалист на тенискиот олимписки турнир!

Рускиот тенисер Карен Хачанов е првиот финалист на тенискиот олимписки турнир во Токио после лесната победа во два сета против Шпанецот Пабло Карено Буста, победувајќи со 6-3, 6-3, па сега го чека подобриот од второто полуфинале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Нешто повеќе од 75 минути на Хачанов му беа потребни за да го среди Карено Буста, а Шпанецот кој успеа да направи сензација со елиминацијата на Данил Медведев во четвртфиналето вчера, овојпат многу лесно се предаде.

Во првиот сет двапати не успеа да го одбрани својот сервис, што на Хачанов му ја олесни задачата, а во вториот Русинот во петиот гем успеа да спречи брејк, па потоа да му го земе сервисот на противникот за да стигне до 4-2, со што комплетно го скрши Карено Буста и на крајот стигна до победата, а со тоа си обезбеди најмалку сребро од овие ЛОИ.

Коронавирус