вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Останати спортови

Русија повика да не се политизираат Олимписките игри

Русија повика да не се политизираат Олимписките игри

Официјална Москва порача денеска дека политиката треба да стои настрана од олимпискиот спорт, ден откако САД објавија дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри закажани за во февруари идната година во Пекинг поради наводно кршење на човековите права во Кина.

– Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатско или официјално претставништво на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.

Со одлуката не се опфатени американските спортисти.

„Предлагаме олимписките прашања да останат ослободени од каква и да е политика“, изјави попладнево портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додавајќи оти најважно е што американските спортисти не се погодени од бојкотот.

Паралелно со ова, официјален Пекинг денеска му се закани на Вашингтон со одмазда и преземање „одлучни контрамерки“, без да прецизира какви тие ќе бидат.

Коронавирус