вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Останати спортови

Русија подобра од Хрватска во Дејвис купот

Русија подобра од Хрватска во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Русија поведе со 2:0 против Хрватска во финалето на Дејвис купот, чија завршница се игра во Мадрид.

Во првиот меч Рубљев со 6:3, 6:3 го надигра Борна Гојо, а Карен Хачанов со 6:7, 6:4, 6:4 го совлада Борна Ќориќ. Вечерва се игра мечот во двојки. Белгија беше подобра од Колумбија и води со 2:0 после два меча, а Канада води 1:0 против Италија.

Хрватска е бранител на титулата во ова натпреварување, но веројатно ќе треба пехарот да го препушти на некоја друга репрезентација. На финалето во Мадрид играат 18 тима, а во група со Русија и Хрватска, се наоѓа и домашната Шпанија.