вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 82
home Останати спортови

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Руските тенисери се победници во Дејвис Купот, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви.

Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6(5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од Марин Чилиќ со 7-6(7), 6-2, обезбедувајќи го пехарот за руската селекција.

Ова е трет Дејвис Куп во историјата за Руската федерација, по освојувањето на истиот во 2002 и во 2006 година.

Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис Купот 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, и две нации со вајлд-карта, Велика Британија и Србија.

Коронавирус