понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 57
home Останати спортови

Руседски: Ова што му се прави на Ѓоковиќ е срамно… Надал: Никој не е поголем од Австралија опен!

Руседски: Ова што му се прави на Ѓоковиќ е срамно… Надал: Никој не е поголем од Австралија опен!

Случајот со Новак Ѓоковиќ деновиве максимално ја бранува светската спортска јавност која е поделена кога е во прашање ставот околу исправноста или не на дејствувањето на австралиската влада која не дозволи влезе на најдобриот светски тенисер во земјата поради неговиот „вакцинален статус“.

Во одбрана на Ѓоковиќ застана и британската тениска легенда Грег Руседски за кого е нејасно како е можно Австралија да му издаде виза за влез на Србинот без која не би можел ниту да се качи на авион за Мелбурн, а потоа истата да не ја почитува…

„Најобични факти за случајот Ѓоковиќ. Австралија издала виза, но потоа неочекувано на само пристигнување самата држава не ја признава сопствената виза. Судот му ја враќа визата назад, но Владата упорно го сака надвор од државата. Ако визата на Новак не беше одобрена нему воопшто немаше да му биде дозволено да се качи на авионот за Австралија. Тоа го знаеме сите. Објаснете ми тогаш зошто тој ја добил визата? Ова што му се прави сега воопшто не е во ред“ – вели Руседски.

Но, од друга страна, и натаму цврсто против Ѓоковиќ е неговиот лут ривал од терените Рафаел Надал кој очигледно не сака да го види Србинот на турнирот во Мелбурн.

„Мора да кажам дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата, без сомнеж. Но, не постои ниту еден играч во историјата кој е поважен од натпреварувањето. Никој. Ниту Роџер, ниту Новак или јас или кој било друг. Едноставно играчите доаѓаат и си одат, па некои нови доаѓаат а тенисот продолжува понатаму. Австралија опен е многу поважен од било кој друг играч. Ако Новак игра на Австралија опен ќе биде во ред. Ако не игра, ништо страшно. Австралија опен ќе биде одличен турнир со или без него“ – вели Надал.

Ѓоковиќ вечерва од 23:30 часот по македонско време ќе ја дознае конечната одлука на Федералниот суд на Австралија дали ќе биде депортиран или ќе му биде дозволен да игра на Австралија опен.

Коронавирус