понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 126
Вонредна вест

ГРАЃАНИТЕ САМИ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ЖИВОТИ И ИМОТИ: КУРИР пренесува потресни сведоштва од Кочани

home Останати спортови

Рожер Федерер се пласира во втората рунда на АТП турнирот во Хале

Рожер Федерер се пласира во втората рунда на АТП турнирот во Хале

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер со победа тргна на АТП турнирот во Хале, Германија откако во првата рунда го доби Илија Ивашка со 2-0.

Квалифкантот од Белорусија „скапо си ја продаде кожата“, во првиот сет стигна до тај-брејк и го загуби со 7-4 (7-6), додека во вториот пак стигна да игра 12 гема и Федерер победи со 7-5.

Федерер во четвртфиналето може да налета на првиот носител Данил Медведев. Турнирот во Германија ќе биде вистински тест за можностите на Федерер пред настапот на престижниот турнир на „островот“

Коронавирус