понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Останати спортови

Рони О’Саливен со убедлива победа го започна СП во Шефилд

Рони О’Саливен со убедлива победа го започна СП во Шефилд

Еден од најдобрите спортисти на сите времиња Рони О’Саливен во свој стил најави ја оствари првата победа на најпрестижниот турнир на снукер сцената светското првенство во Шефилд

Дуелите во „Крусибл“ се играат со присуство на ограничен број публика, а англискиот маестро го совлада Марк Џојс со убедливи 10:4.

Снукер светското првенство е прв настан на британска територија на кој е дозволено враќање на публиката, а во арената во Шефилд е дозволено присуство на 213 фанови на оваа игра. Организаторите се надеваат дека до финалето, односно до 2. мај, ќе добијат зелено светло и за целосно исполнување на „Крусибл“.

О’Саливен ќе се обиде да го израмни рекордот на Стивен Хендри кој има најмногу, седум титули на Светското првенство.

Коронавирус