четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Останати спортови

Ролан Гарос пријави рекорден приход

Ролан Гарос пријави рекорден приход

Организаторите на вториот тениски грен – слем сезонава, Ролан Гарос, остварија приход од 300 милиони евра, што е рекорден износ во историјата на парискиот турнир.

– Првпат ќе надминеме 300 милиони евра приход, додека во 2019 година, последното „нормално“ издание (од пред Ковид-19 пандемијата) бевме на 262 милиони евра, изјави денеска претседателот на Француската тениска федерација, Жил Моретон.

Како што прецизираше првиот човек на францускиот тенис, натпреварите на Ролан Гарос во 2019 година од трибините ги следеле 519.000 гледачи, а оваа година бројката пораснала на 613.500. (МИА)

Коронавирус