вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 112
home Останати спортови

Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Пет илјади гледачи дневно ќе можат да ги следат тениските натпревари на грен слем турнирот Ролан Гарос, кој оваа година се одржува од 27 септември до 11 октомври, објавија денеска организаторите.

Квалификациите започнуваат во понеделник.

„Носителите на нумерирани билети за теренот „ Филип-Шатриер “ќе ги задржат своите билети и ќе имаат пристап до целиот стадион од 12 хектари, вклучувајќи ги терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје. На сопствениците на билетите за терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје ќе им се вратат парите“, напишаа организаторите на Твитер профилот на турнирот.

Пред околу десетина дена, Ролан Гарос воведе опција според која турнирот може да го следат секој ден 11.500 гледачи кои ќе бидат распределени во три независни сектори на три главни полиња: Филип-Шатјер (5000 места), Сузан-Ленглен (5000) и Симон-Матје 1500). Но, вчера тие мораа да ја намалат таа бројка на 5.000.

Разочараните купувачи на билети ќе имаат можност „да купат приоритетни билети“ во 2021 година, додаваат организаторите.

Ролан Гарос вообичаено се одржува кон крајот на мај и почетокот на јуни, но е одложен за есен поради пандемија на коронавирус.

Коронавирус