понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 50
home Останати спортови

Роџер Федерер се повлече од Роланд Гарос

Роџер Федерер се повлече од Роланд Гарос

Роже Федерер објави дека се повлекува од Ролан Гарос, иако се пласираше во четвртото коло. Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, изјави дека го прави тоа за да си го заштити телото.

„По разговорите со мојот тим, решив денеска да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и една година рехабилитација, важно е да си го слушам телото и да не се форсирам предвреме“, изјави Федерер.

Тој донесе ваква одлука по победата на исцрпувачкиот меч со Доминик Кепфер, кој заврши ноќеска дури после полноќ.
Пред да дојде во Париз, Федерер имаше одиграно само три меча во последните 16 години. Тој и претходно не криеше дека негов приоритет е Вимблдон, кој почнува на 28 јуни.

ЕУРО 2020

Македонија