Останати спортови

Ристовски: Спортистите се одлик на државата

Ристовски: Спортистите се одлик на државата

Министерот за спорт, Борко Ристовски, имаше свое обраќање на церемонијата на која државата Македонија им врачи признанија на повеќе спортски имиња кои оставија или оставаат трага во македонскиот спорт и им се додели спортска пензија.

„Не би говорел политички, туку говорам емотивно, она што ми претставува огромна чест и задоволство што сите ние заедно успеавме со поддршка на Претседателот на Владата без кого ова немаше да биде возможно, да искажеме нашата почит за се што се направило во минатото и се она што треба да се напави во иднината, затоа што поголемиот дел од наградените се во спортот и придонесуваат не само на спортскиот, туку и на едукативниот план и развојот на вредностите во државата. Честитки од срце за се што сте направиле, државата и Министерството за спорт ќе бидат секогаш тука да ги вреднуваат вистинските вредности и да ги наградуваме спортските успеси со кои не само се покажува одлик на дисциплина и на тоа како треба да се бранат боите на татковината, туку и ја промовирате на вистински начин. На сите им посакувам голем успех понатаму, а ние сме на располагање Македонија да ја направиме подобра земја, со поголеми спортски успеси“, изјави Ристовски.

Меѓу наградените се фудбалските легенди Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, потоа кошаркарските икони Петар Наумоски и Перо Антиќ, а од ракометот имињата се најбројни, тоа се Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Елена Ѓоргиевска, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.

To top