четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Останати спортови

Рикиардо тврди: Хамилтон влезе во доста „жежок“ простор кон Верстапен

Рикиардо тврди: Хамилтон влезе во доста „жежок“ простор кон Верстапен

Како што инцидентот помеѓу Хамилтон и Верстапен го осудија повеќето неутралци од публиката, сега тоа го направи и Даниел Рикиардо.

Тој смета дека Хамилтон влегол во „прежешка“ ситуација против Верстапен во еден така брз свиок на патеката во Силверстоун.

„Кога сте во еден така брз свиок, тркало до тркало, двајцата може да загубите. Малку можеби беше и валкано од страна на Луис Хамилтон кон Макс Верстапен. Јас сигурно не сум тој кој што е повикан да каже дали требаше да го направи ова или она, но сепак мислам дека Хамилтон имаше непотребен чекор напред во сето ова“, истакна Рикиардо.

По тој инцидент во првите неколку метри од кругот, Верстапен ја заврши трката, а Хамилтон успеа да ја стопи цела предност на Холанѓанецот во генералниот поредок.

Коронавирус