сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рикардо сепак ќе ја заврши сезоната во Ред бул

Рикардо сепак ќе ја заврши сезоната во Ред бул

Возачот Даниел Рикардо изјави дека ќе ја заврши сезоната во Формула 1 во тимот на Ред Бул и покрај коментарите по незавршувањето на Гран При на Мексико, кога лут и во афект својот болид го нарече „проколнат“ и изјави дека не гледа причина да се качи во него за последните две трки.

Мексико беше осми пат како Рикардо не успеа да заврши една трка. Во нервоза тогаш тој изјави дека ќе го даде својот автомобил на Пјер Гасли, кој треба да го замени во тимот следната година.

Со видео во својот профил на Инстаграм, Рикардо рече дека сепак ќе ја заврши сезоната со својот тим.

– Претрпев огромни промени во текот на годината. Имав добри моменти, но неуспесите беа повеќе. Си должам сепак на себе и на сите кои работат толку многу во мојот тим, ја да завршам сезоната пред да си кажеме довидување, објави Рикардо, кој од следната сезона ќе премине во Рено.

Тој додаде дека му е потребено уште неколку дена одмор, но потоа ќе биде „на линија“.

Австралискиот пилот не заврши ниту една трка на на подиумот од неговата победа во Монако во мај годинава.

МИА