среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 140
home Останати спортови

Рикардо го оштети новиот болид на Ред Бул

Рикардо го оштети новиот болид на Ред Бул

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, го оштети новиот болид Ер-Би 14 за време на денешното тестирање на британската патека Силверсон.

Инцидентот се случил на тестирањето во ограничени услови до 100 километри на влажна стаза, а според дел од британските медиуми оштетен е предниот дел, амортизерите и подот на возилото.

Од тимот на Ред Бул ги отфрлија ваквите тврдења и соопштија дека станува збор за помал инцидент и дека нема да има проблеми со болидот пред почетокот на претсезонските тестирања, кои започнуваат идната недела.

–  Тешко е да се зборува за болидот само по неколку кругови, но првиот впечаток е добар. Гледам дека задниот дел е прилично стабилен дури и во тешки услови, истакна Рикардо.

Ред Бул минатата сезона победи во три трки, а оваа година има амбиција да се врати во борба за титулата.

Коронавирус