Останати спортови Шпанецот играше со него во финалето на Ролан Гарос

Рекет на легендарниот Рафаел Надал продаден за рекордни 157.300 долари

Рекет на легендарниот Рафаел Надал продаден за рекордни 157.300 долари

Рекет на тенисерот Рафаел Надал е продаден на аукцијата, организирана од компанијата „Престиж меморабилија“, за рекордни 157.300 долари, објави каналот „ЕСПН“.

Со овој рекет Шпанецот играше во финалето на Ролан Гарос во 2017 година, каде што го победи Швајцарецот Стен Вавринка во 3 сета и по 10. пат во кариерата го освои турнирот.

Цената е највисока во историјата на продажба на тениски рекети на аукција.

Претходниот рекорд му припаѓаше и на рекетот на Надал од финалниот меч на Австралија опен во 2022 година против Русинот Даниил Медведев (2:6, 6:7, 5:7, 6:4, 6:4, 7:5). Во 2023 година беше продаден на аукција „Sotheby’s“ за 139.700 долари.

To top