вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 46
home Останати спортови

Реџепи излезе од карантин, ќе го вее македонското знаме во Токио денес

Реџепи излезе од карантин, ќе го вее македонското знаме во Токио денес

Џудистката Арбреша Реџепи сепак ќе биде дел од церемонијата на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио. Македонската џудистка по петте негативни тестови доби право да биде дел од церемонијата каде заедно со Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец.

Вчера Арбреша Реџепи беше упатена кон 24 часовен карантин поради контакт со лице позитивно на коронавирус, кое го имала на аеродромот во Франкфурт при заминување на македонската експедиција на игрите во Токио.

Во последен момент, по интервенција на Канцеларијата на МОК, сепак Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на вечерашното отварање на ОИ и ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отварање игрите. Арбреша Реџепи, со одлука на ИОК/Организациониот комитет ТОКИО 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од КОВИД-19 и таа ќе ја има честа да биде прва спортистка, Олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отварањето на летните Олимписки игри!, стои во соопштението од МОК.

Церемонијата на свеченото отворање на игрите е со почеток во 13 часот, а Реџепи својот настап на игрите ќе го има на 25. јули.

Коронавирус