вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Останати спортови

Редклиф: Не постои решение кое би им одговарало на сите

Редклиф: Не постои решение кое би им одговарало на сите

Поранешната светска шампионка во маратон Пола Редклиф истакна дека ги поддржува новите правила на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за хиперандрогенизмот.

Со нивното воведување од ноември 2018 година на атлетичарките со зголемено ново на машки хормон тестостерон ќе им биде забрането да се тркаат на патеки со средна должина, бидејќи на тој начин имаат неправедна предност.

– Нема решение кое би им одговарало на сите. Ова е обид преку правила да се обезбеди равноправност во ситуација во која тоа е речиси невозможно, истакна  Редклиф.

Претседателот на ИААФ, Себастијан Коу, истакна дека доставиле доволно докази до Меѓународниот суд за спортска арбитража во однос на новите правила и дека нема начин тие да се оспорат.

Редклиф e главeн промотор на годинашното издание на „Виз Ер Скопски маратон“.

(Mиа)