сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Останати спортови

Реакција од АРТ Картинг центар: Располагаме со најсовремени картинзи и опрема, придонесуваме за развојот на овој спорт

Реакција од АРТ Картинг центар: Располагаме со најсовремени картинзи и опрема, придонесуваме за развојот на овој спорт

Од Мотоспортгруп подружница АРТ Картинг Центар испратија реакција на текст на Курир во рубриката „Млади таленти“ со наслов „Внукот на Иџе тргна по неговите стапки, младиот Стефан ќе биде идната македонска гордост“, каде што малиот Стефан вели „Би сакал да учам кај нас, но во Македонија нема услови за такво нешто“.

-Како компанија строго специјализирана за моторспорт, а воедно и сопственик на АРТ Картинг Центар, ја поздравуваме одлуката на малиот Стефан која за нас е правилна и очекувана, со оглед на фактот што токму малиот Стефан првпат седна во картинг точно во нашиот Kартинг центар, при што покажа почетен талент. Како второ, АРТ Картинг Центар располага со Академија на млади пилоти, од чии редови се искочени сериозни таленти со врвни резултати. Трето, до оваа година АРТ Картинг Центар нема наплатено за користење на патеката на никој кој дошол со свој картинг, со цел да придонесеме за развојот на овој спорт, стои во реакцијата и се додава:

„Поради ова би сакале да ја информираме македонската јавност дека располагаме со најсовремено опремени картинг возила, заштитни кациги, професионален систем за мерење време и Академија за едукација и тренинг на млади пилоти. АРТ Картинг Центар и во иднина ќе ги поддржи сите заинтересирани млади во нивните аспирации за нивен развој во картинг спортот“.